Свет 06. ноември 2019. / 19:06

(ВИДЕО) Снимка од запалена полицајка на протестите во Чиле го заобиколи светот

(ВИДЕО) Снимка од запалена полицајка на протестите во Чиле го заобиколи светот

Најмалку двe полицајцки се сериозно повредени во последните судири меѓу полицијата и демонстрантите кои траат две недели во Чиле.

Фоторепортерот на новинската агенција Ројтерс, Хорхе Силва, сними шокантен момент кога демонстрантите фрлиле молотови коктели и запалиле полицајка. На фотографијата е прикажана агонијата на повредената жена додека нејзините колеги се обидуваат да и помогнат да го изгаснат огнот со противпожарен апарат и со раце.

Во судирите кои почнаа поради зголемување на цената на јавниот превоз досега се повредени над 800 полицајци и 1650 демонстранти.