Свет 29. мај 2018. / 17:42

(Видео) Снимка од моментот на ликвидација на терористот во Лиеж

(Видео) Снимка од моментот на ликвидација на терористот во Лиеж

На интернет е објавено видео од убиството на напаѓачот кој во Лиеж Белгија уби двајца полицајци и еден случаен минувач и рани уште две лица.

Белгија нападот го истражува како терористички.

Двајцата полицајци и случајниот минувач се убиени во пукотница во центарот на Лиеж, при што се ранети уште двајца полицајци.

Напаѓачот е идентификуван како 36- годишниот Бенжамин Херман , екс затвореник, човек кој пред само неколку дена излегол од затвор.

Херман издржувал повеќе затворски казни, но не бил познат по радикализмот. Затворениците го опишале како „насилна личност“ .

Обвинителството сега истражува дали Херман се радикализирал во затворот што е чест случај во затворите во Белгија.

Мажот додека пукал викал „Алах екбер“ , при пукањето Херман киднапирал и една жена вработена во средно училиште.

Белгиското обвинителство го истражува инцидентот во кој се убиени три лица како терористички напад, соопшти попладнево , локалниот јавен обвинител.