Свет 27. октомври 2019. / 15:30

(ВИДЕО) Снимка од акцијата во која е убиен Ал-Багдади

(ВИДЕО) Снимка од акцијата во која е убиен Ал-Багдади

Ирачката државна телевизија објави снимка од американскaта воена акција во Сирија во кој е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади.

Според ирачки и ирански официјални лица повикувајќи се на извори од Сирија, Абу бакар бил убиен недалеку од турската граница, во покраината Идлиб.

На снимките се гледа дека скривницата на Ал Багдади по нападот е целосно уништена.

Неименува официјален американски претставник за АП изјави дека Абу Бакр ал-Багдади синоќа бил цел на нападот во Идлиб.