Свет 19. август 2019. / 12:26

(ВИДЕО) Скандал во Киев: Сопругата на Нетанјаху го фрли лебот за време на пречекот

(ВИДЕО) Скандал во Киев: Сопругата на Нетанјаху го фрли лебот за време на пречекот

Во Киев, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара ги пречекаа три девојки во традиционална украинска облека со леб и сол.

По излегувањето од авионот Нетанјаху откина парче погача, макна сол и го изеде, пишуваат израелските медиуми. Второто парче ѝ го даде на сопругата Сара која го фрли на земја.

Бенјамин Нетанјаху допатува со сопругата во тридневна посета на Киев, пренесува „Спутник“.