Свет 20. јуни 2020. / 20:08

(ВИДЕО) Силно невреме: Автомобилите пливаат како чамци во Москва

(ВИДЕО) Силно невреме: Автомобилите пливаат како чамци во Москва

Денеска Москва ја погоди силно невреме, пропратено со обилен дожд и град.

Снимките покажуваат дека руската престолнина се соочува со вистински потоп, бидејќи автомобилите пливале на улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќај во Москва, објавил дека во една улица се потопени неколку автомобили, како и дека е целосно оневозможен сообраќајот.

Некои подземни премини се целосно поплавени.