Свет 09. јануари 2021. / 21:49

(ВИДЕО) Силна експлозија во фабрика за рециклирање на батерии во Кина

(ВИДЕО) Силна експлозија во фабрика за рециклирање на батерии во Кина

Силна експлозија го потресе кинескиот град Нингсијанг во провинцијата Хунан, кадешто изби пожар во фабрика за рециклирање на батерии.

Видео од оксплозијата се објавува на социјалните мрежи.

Едно лице загина во пожарот, 20 се повредени, а истрагата за причините е во тек, објави Ројтерс.

Од 20 повредени, шестмина се со сериозни повреди, додека други 14 полесно повредени се задржани во болницата, но никој не е во животна опасност.

Експлозијата се случи во фабриката „Технологија за рециклирање Бранп“, која е во сопственост на големата кинеска корпорација КАТЛ, која се занимава со производство на батерии и е еден од главните снабдувачи за електрични автомобили, како што е „Тесла“.