Свет 01. мај 2020. / 17:45

(ВИДЕО) Силен ветер помести паркиран авион на „Катар Ервејс“ и го судри со друг

(ВИДЕО) Силен ветер помести паркиран авион на „Катар Ервејс“ и го судри со друг

Два авиони на „Катар ервејс“ се веројатно оштетени како резултат на вчерашното силното невреме во Доха.

Снимките за видео надзорот, споделени на „Твитер“, покажуваат како екстремно силниот ветер го турка авионот „Боинг 787“ познат како „Дримлајнер“ во „Ербас А350“.

Ветерот во Доха вчера достигнал брзина од 113 километри на час што довело до придвижување на авионите.

Од снимките се забележува како носот на авионот „Боинг 787“ беше втурнат во трупот на „Ербас А350.

Во изјавата за инцидентот на „Катар Ервејст“ објавена на „Твитер“ се наведува дека во авионот немало ниту патници ниту вработени.

Ниту  еден од овие авиони нема да лета повторно додека не бидат проверени за  евентуални штети од страна на механичарите. Со оглед на сегашниот недостаток на глобална побарувачка, губењето на двата авиони во меѓувреме нема да влијае на распоредот на авиокомпанијата.