Свет 16. септември 2019. / 14:40

(ВИДЕО) Швајцарски војници пеат албански песни

(ВИДЕО) Швајцарски војници пеат албански песни

Ова видео кое кружи на социјалните мрежи во Швајцарија, а истото се претвори во своевиден скандал. За време на возење со автомобил, неколку швајцарски војници ја пеат албанската песна „Џамадани вија вија“, што според медиумите во Швајцарија е неофицијална химна на Албанците, пренесува Индексонлајн.

„Песната е за единство меѓу Албанија и Косово. Соединети со елекот, Џамадан. Песната е неофицијална химна на Албанците “, пишува весникот Blick.

За ова видео, во швајцарската армија започнала истрага. Портпаролот на армијата Даниел Реист изјавил дека истрагата започнала, но сè уште нема информации за објавувањето на видеото.