Свет 17. август 2020. / 12:53

(ВИДЕО) Што е Nexta-основниот извор на информации за протестите во Белорусија?

(ВИДЕО) Што е Nexta-основниот извор на информации за протестите во Белорусија?

Еден белоруски канал на мрежата Телеграм стана основен извор на информации за протестите во државата. Иако интернет мрежата по минатонеделните избори таму е проблематична, Nexta успева да информира речиси два милиони лица за тоа што се случува по белоруските улици.

-Властите направија огромна грешка што го спречија интернетот. На Телеграм се речиси сите Белоруси, кои ги преполнија улиците во обид да дојде до промени, вели за Би-Би-Си, главниот уредник Роман Протасевич.

Nexta игра клучна улога во координирањето на демонстрантите во услови кога поголемиот дел од опозицијата е надвор од државата. Но, постарите опозициски медиуми гледаат скептично на овој активистички извор на информации, чии информации е тешко да бидат проверени, пишува Би-Би-Си.

Што е Nexta

Редакцијата се состои од четири души, кои се наоѓаат во Варшава. Освен каналот на Телеграм, таа има и акаунт на Youtube.

Протасевиќ ја нарекува Nexta „децентрализирана медиумска организација од 21 век. Таа нема еден основен сајт, туку неколку различни канали за да стигнува полесно до аудиториумот, но и да не ризикува основниот канал да и биде сопрен од властите.

Каналот главно користи информации, што ги добива од корисниците, но Протасевич не гледа проблем во тоа, како и во фактот дека не се стационирани на едно место.

-Имаме веродостојни извори од сите сфери со кои комуницираме и соработуваме долго време. Информациите, што ни ги даваат тие луѓе се секогаш 100% точни. Тоа се луѓе, кои ни праќале внатрешни документи од различни служби, вклучувајќи ги и оние за безбедност, одговара Протасевич на прашањето на Euronews како ги проверува своите информации.

Тој додава дека секој час понекогаш добиваат илјадници соопштенија и информации. Ја гледаат општата слика и веднаш воочуваат кога нешто соодветствува на вистината или кога има очигледна провокација, преувеличување или дезинформации, вклучувајќи ги и специјалните служби, кои редовно им нафрлуваат информации.

-Ако неколкумина очигледно неповрзани едни со други лица ни кажат едно исто, тоа го сметаме за потврдена информација. Зашто, очигледно нема како да добиеме информации од страна на властите, вели Протасевич.

Што се однесува до финансирањето, информациите се различни, посочува Би-Би-Си. На каналот нема реклами, а познати се само имињата Протасевич и Путило, член на редакцијата. Путило тврди дека нивни поддржувачи им праќале донации и оти ја користел својата универзитетска стипендија. Меѓутоа, неговиот колега тврди дека каналот смета на реклами, а не на донации.

Како започна се

Nexta е основана пред пет години како канал на Youtube од Степан Путило (или Светлов). Нејзиниот старт бил означен со саркастична песна за претседателот Александар Лукашенко. Меѓутоа, потоа почнува да се занимава и со случаи на корупција и кражби, ветувајќи „чесни и веродостојни информации за реалноста во Белорусија“.

-Ми беше хоби, правев смешни видеа за родендените на моите блиски. Потоа одлучив на едно место да го соберам целоиот „смет“ на Белорусија на Лукашенко, вели Путило.

Каналот Nexta Live на Телеграм се појавува во текот на 2018 година и наредната година неговиот документарен филм за Лукашенко стигнува до речиси 3 милиони прегледи на Youtube.

-Филмот во детали раскажува како Лукашенко ни ги украде државата, мечтите, слободата, иднината и 25 години од нашите животи, вели Путило.