Свет 27. мај 2020. / 17:30

(ВИДЕО) Шпанија со едноминутен молк им оддаде почит на жртвите на коронавирусот

(ВИДЕО) Шпанија со едноминутен молк им оддаде почит на жртвите на коронавирусот

Во Шпанија, денеска точно на пладне, со едноминутно молчење беше оддадена почест на жртвите од коронавирусот.

На првиот ден од 10-дневната жалост, граѓаните оддадоа почит на жртвите и од автомобилите, кои застанаа на улиците, пренесува Си-Ен-Ен.

За време на минутното молчење, членовите на Парламентот ја прекинаа седницата, а членовите на кралското семејство излегоа пред палатата Зарзуела.

Како знак на тага, некои граѓани на улиците носеа црна облека или црни маски на лицето.

Десетдневната жалост започна денеска и ќе трае до 5 јуни. Тоа е најдолгата жалост по смртта на диктаторот на Франција Франко во 1975 година.