Свет 03. април 2020. / 15:42

(ВИДЕО) Шокантни слики од Вухан: Репортажа за избивањето и развојот на епидемијата на корона вирусот

(ВИДЕО) Шокантни слики од Вухан: Репортажа за избивањето и развојот на епидемијата на корона вирусот

Австралиската телевизија АБЦ емитуваше 45-минутна репортажа за почетокот на епидемијата на корона вирусот во кинескиот град Вухан и како настанала глобалната пандемија.

Во репортажата може да се видат и некои досега невидени снимки од Вухан во карантин, на пример како полицијата ги носи лицата за кои смета дека се заразени, а меѓу соговорниците се и странски новинари кои известуваат од Кина.

Се истакнува дека Вухан град од 11 милиони жители е полн со студенти од сите страни на светот и дека е сообраќајна раскрсница, што исто така придонело за ширење на вирусот.

Во репортажата се вели дека локалните политичари во Вухан на почетокот ја прикривале епидемијата и дека им се заканувале на локалните лекари кои за тоа јавно говореле.

Акцент се става и на судбината на лекарот Ли Венлианг, еден од првите кој предупредувал за коронавирусот и кој поради тоа заврши во полиција. Ли Венлианг почина од корона вирусот откако беше заразен од пациент.