Одронот на југот на земјата во средата однесе дел од станбена населба составена од повеќе од 12 згради.
Отпрвин се чинело премногу опасно да се испратат спасувачки екипи во одронот, па местото на несреќата – огромен кратер што зафатил станбени згради во селото Аск – е пребаран од воздух, со хеликоптери и со помош на беспилотни летала.
Но, денеска, полицискиот командант Рој Алквист проценил дека една или две куќи биле безбедни за влез.
Спасувачките екипи, вклучително и членовите на шведскиот тим, се упатиле кон опасното подрачје, обидувајќи се да стигнат до една од уништените куќи.
Далматинец, кој исчезнал во лизгањето на земјиштето со неговите сопственици, бил спасен вчера, а полицијата потоа соопшти дека верува дека сеуште постои можност да се најдат преживеани.
Но, поладнево хеликоптер на брза помош слетал во близина на местото на несреќата, а полицијата известила дека телото е пронајдено околу 14:30 часот по локално време. Нема објавено други детали.