Свет 26. јануари 2020. / 23:00

(ВИДЕО) Се породи жена заразена со коронавирус: Докторите носеа заштитни одела

(ВИДЕО) Се породи жена заразена со коронавирус: Докторите носеа заштитни одела

Кинеските државни медиуми објавија снимка од болницата во провинцијата Хубеи во која е снимено породувањето на 28-годишна жена (28), за која се претпоставува дека е заразена со коронавирус.

Бебето по раѓањето е однесено на понатамошни испитувања.

На видеото се прикажани четворица лекари во заштитни одела, а скоро е извесно дека жената е заразена со коронавирус што започна да се шири од градот Вухан во таа провинција.

Здравствените работници во Вухан апелираат за донации за да можат да се справат со кризата.

Медицинските лица предупредуваат дека немаат доволно болнички кревети, а официјалните лица испратиле дополнителни 450 воени лекари за да ги поддржат и ветуваат дека ќе изградат нова болница за неколку дена.