Свет,Магазин 29. јуни 2020. / 13:49

(ВИДЕО) Саша Барон Коен маскиран упаднал на десничарски собир во Вашингтон

(ВИДЕО) Саша Барон Коен маскиран упаднал на десничарски собир во Вашингтон

Познатиот контроверзен и ексцентричен британски комичар Саша Барон Коен упадна маскиран на собир на крајни десничари во Вашингтон и отпеа расистичка песна за Барак Обама, Хилари Клинтон, Ентони Фаучи, Бил Гејтс и Светската здравствена организација. Целта на тоа беше да ги исмее организаторите на настанот.

Собирот на американско-канадската десничарска група што себе се нарекува „Припадници на трите проценти“ (Three Percenters), се одржа во паркот „Херитиџ“ во Вашингтон. Настанот беше насловен како „Марш за нашите права 3“ и на него учествуваа околу 500 приврзаници.

Коен се појави делумно преправен и се претстави како лидер на политичка организација што сака да го спонзорира митингот. Тој со себе зеде и приватно обезбедување, што ги спречи организаторите на собирот да го исфрлат од сцената, но и да не му го исклучат микрофонот кога ќе почне да пее.

Во песната се вели оти противниците на организацијата треба да бидат заразени со корона вирус, но и дека Светската здравствена организација треба да биде „скратена“ како што „тоа го прават Саудијците“.

Организацијата „Припадници на трите проценти“ е парамилитантна група основана 2008 година, во пресрет на изборот на Барак Обама како прв Афроамериканец претседател на САД. Американските власти ја означуваат како антивладина организација, а многумина во Канада ја сметаат за најопасната екстремистичка група во земјата.