Поддршката за венецуелскиот претседател Николас Мадуро продолжува од страна од шефот на Руската федерација Владимир Путин. Два руски авиони, познати по тоа што пренесуваат воена опрема, слетаа во саботата на централниот аеродром во Венецуела со високорангирани офицери и околу 100 војници, според еден сведок, цитиран од Ројтерс.
Како што објави Ројтерс, според евиденцијата на авио-слетувања,, пристигнале два авиона што полетале од рускиот воен аеродром, додека друг сајт соопшти дека тие го напуштиле Каракас во неделата.
Според фотографиите и видеата објавени на социјалните медиуми, два големи авиони, Иљушин ИЛ-62 и Антонов АН-124 слетале во Варгас, Венецуела.
Новинарот Хавиер Мајорка во саботата напиша на Твитер дека едниот од нив го донел началникот на руската пешадија Василиј Тонкосуров, додавајќи дека тие носат 35 тони материјал.
Властите на Венецуела и руската амбасада во Москва во Каракас одбија да коментираат за Франс прес, иако вестите “се вртеа” во венецуелските медиуми.
Извештајот доаѓа три месеци откако двете земји спроведоа воени вежби на територијата на Венецуела, што Николас Мадуро ги опиша како знак за зајакнување на односите меѓу двете земји, но Вашингтон го критикуваше тоа како руска интервенција во регионот.
Москва силно се спротивстави на одлуката на САД да наметне санкции за режимот на Мадуро и да го признае лидерот на опозицијата Хуан Гуаидос како привремен претседател на Венецуела.