Свет 20. април 2018. / 10:48

(Видео) Руски научник: Јас го произведував агенсот со кој беше отруен Скрипал

(Видео) Руски научник: Јас го произведував агенсот со кој беше отруен Скрипал

Русија ја негира својата програма за хемиско оружје, а за тоа време доаѓаат нови детали за труењето на поранешниот двоен агент, Сергеј Скрипал.

Научникот, Владимир Углев, во интервју за Би-Би-Си призна дека помагал да се развие нервниот агенс „новичок“ со кој беа отруени Скрипал и неговата ќерка.

„Целта беше да се произведе многу помоќна супстанција од нервниот агенс VX, дури до десет пати посилна. Ние го направивме тоа“, тврди 71-годишниот Углев.