Свет 02. јули 2019. / 10:47

(ВИДЕО) Решена мистеријата – еве што падна на територијата на Северен Кипар

(ВИДЕО) Решена мистеријата – еве што падна на територијата на Северен Кипар

Објект кој синоќа се урна во северен Кипар веројатно е ракета од руско производство испукана за време на израелскиот напад во Сирија, објавија локалните власти.

Да потсетиме, неидентификуван летечки објект се урна и експлодира на територијата на Северен Кипар, потврдија локалните власти.

Во јавноста се шпекулира дека се работи за против-авионска ракета, додека други тврдат дека тоа е израелски воен авион, кој бил соборен синоќа за време на нападот врз Сирија.