Свет 14. јануари 2021. / 18:44

(ВИДЕО) Републиканците ќе бараат отповикување на Бајден, велат дека ја злоупотребил позицијата

(ВИДЕО) Републиканците ќе бараат отповикување на Бајден, велат дека ја злоупотребил позицијата

Новоизбраната републиканска конгресменка Марџори Тејлор Грин изјави дека ќе иницира негово отповикување поради наводна злоупотреба на позицијата.

Таа тоа го најави на својот профил на Твитер, и тоа еден ден по инаугурацијата на 20 јануари.

Грин беше меѓу 197-те конгресмени кои го бранеа претседателот во заминување Доналд Трамп за време на гласањето за неговото отповикување во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Во продолжение може да го погледнете видеото каде републиканците најавуваат импичмент на Трамп.

– Во име на американскиот народ, мора да бидеме сигурни дека нашите лидери се однесуваат одговорно. Не можеме да имаме претседател на САД кој е спремен да ја злоупотреби моќта на претседателството и лесно да го поткупат странски влади, кинески компании, украински енергетски компании, изјави Грин.

Таа истакна дека може да замисли колку луѓето во САД се плашат од идниот мандат на претседателот Бајден што биле спремни да се свртат кон насилство, како она на Капитол во Вашингтон.

– На американскиот народ му треба надеж, тие мора да знаат дека во Конгресот има републиканци кои се спремни да се заземат и да се борат за нив, без оглед што се малцинство, без оглед што шансите се против нас, заврши таа.