Свет 17. ноември 2020. / 23:32

(ВИДЕО) Ракетирана Зелената зона во Багдад

(ВИДЕО) Ракетирана Зелената зона во Багдад

Четири ракети паднаа во Зелената зона во Багдад, изјави ирачки официјален претставник.

Ракетите биле истрелани од населено место во областа Ал-Алф Дар во Нов Багдад.

Претходно на социјалните мрежи беше објавено дека се слушнале неколку експлозии и дека во американската амбасада во Зелената зона се огласиле сирени откако ракетите паднале во таа област.

Во соопштението не се споменуваат жртви, како што објави Ројтерс.

Зелената зона во Багдад е често мета на ракетни напади, кои генерално минуваат без жртви или поголема материјална штета.