Свет 16. август 2020. / 20:23

(ВИДЕО) Пукотници низ Синсинати , 17 застрелани и најмалку 4 загинати

(ВИДЕО) Пукотници низ Синсинати , 17 застрелани и најмалку 4 загинати

Полицијата во градот Синсинати,во  американската сојузна држава Охајо, објави дека 17 лица биле застрелани на три различни локации во раните утрински часови и дека најмалку четири лица загинале.

Во градски кварт во југозападниот дел на Синсинати, застрелани се 17 лица, а на самото место останале две жртви, изјави заменик-началникот на полицијата Пол Њугејт.

Другите двајца загинале на пат кон болница. Пукотниците се случиле во рок од еден час ,а станува збор за одвоени инциденти на три засебни локации во градот.