Свет 03. август 2019. / 21:08

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Тексас, најмалку 18 повредени

(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Тексас, најмалку 18 повредени

Полицијата oд Тексас предмалку добила дојава за пукање во трговскиот центар во Ел Пасо.

Како што пренесуваат западните медиуми, застрелани се најмалку 18 лица, но тежината на повредите засега не е позната.

Полицијата го евакуирала центарот и ги повикала луѓето да стојат подалеку од местото на настанот.

Неофицијално, кружи информацијата дека постојат повеќе напаѓачи.