Свет 28. септември 2018. / 18:56

(Видео) Протестант влета на пресот на Меркел и Ердоган

(Видео) Протестант влета на пресот на Меркел и Ердоган

Демонстрант со транпарент на маицата  ,,Слобода за новинарите” побара од Ердоган да ги ослободи новинарите затворени во турските затвори по неуспешниот обид за државен удар во 2016. Меркел по состанокот со Ердоган изјави дека очекува набргу да се решат случаите со затворените новинари во Турција.

Ердоган , пак говорејќи за случајот на новинарот Цан Дандар го нарече шпион . Тој живее во егзил во Германија од 2016. Ердоган побара од Германија да биде екстрадиран , зашто смета дека тоа е нивно основно право.

На ова Меркел одговори дека меѓу двете земји постојат ,,длабоко вкоренети” разлики.

Веднаш потоа новинарот Ертгрул Јигит облечен во маица на која пишува ,,Слобода за новинарите во Турција” , беше изведен од просторијата каде се одржуваше прес конференцијата , додека Ердоган непријатно се смешкаше.

Во текот на вечерта во Берлин се очекуваат протести под паролата ,,Едроган не е добредојден” , на кои се очекуваат илјадници луѓе.