Свет 09. јануари 2021. / 15:08

(ВИДЕО) Пронајдени делови од авионот на „Сривиџаја ер“ во морето

(ВИДЕО) Пронајдени делови од авионот на „Сривиџаја ер“ во морето

Во морето северно од престолнината на Индонезија, Џакарта, пронајдени се тела и делови од авион, за кој се сомневаат дека се остатоци од патничкиот авион кој исчезна од радарот.

Од компанијата рекле дека собираат повеќе информации за летот пред да излезат во јавност. Во него, неофицијално имало 59 патници, вклучувајќи и пет деца и бебе.

Патничкиот авион Боинг 737 на компанијата Сривиџаја Ер, кој полетал од Џакарта, изгубил контакт со контролата на летот и исчезнал од радарот околу 14.40 по локално време.