Свет 13. април 2020. / 09:47

(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба во Мисисипи: Шест жртви во силно невреме

(ВИДЕО) Прогласена вонредна состојба во Мисисипи: Шест жртви во силно невреме

Најмалку шест лица загинале во силното невреме на југот на Мисисипи во кое се оштетени најмалку 300 куќи и една зграда на северот од Луизијана.

Едно лице загинало во округот Волтхол, две во Лоренс, а три во округот Џеферсон Дејвис. Сите три округа се наоѓаат на околу еден час возење.

Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот ветер минал и низ другите делови на Мисисипи, каде што имало и локални торнада.

Гувернерот на Мисисипи, Тејт Риверс, прогласи вонредна состојба во државата бидејќи е погодена и од неколку торнада.

Од силниот ветар искинати се електричните водови, а врз неколку куќи во Клерксдејл паднале дрвја.