Израелски авиони синоќа повторно нападнаа цели на милитантната група Исламски џихад во Појасот Газа.
– Нападите се изведени откако ракетни напади го прекинаа примирјето што траеше еден ден – се наведува во соопштението на израелската армија.
Во соопштението се посочува дека Израел е подготвен да го почитува примирјето, но само доколку нема нови ракетни напади.
При синоќешниот израелски напад погоден е воен објект во градот Кан Јунис. Станува збор за зграда во која се произведувале ракети и каде бил штабот на милитантите.
This is how Israel wishes Palestinians in Gaza good mornings! pic.twitter.com/vicWi8AAm0
— Heba Khaled (@Heba_Khaled21) November 15, 2019
Неофицијалното примирје помеѓу Израел и Исламски џихад, постигнато со посредство на Египет, стапи во сила вчера утрото. Со него требаше да се стави крај на дводневната ескалација на насилството што почна откако Израел уби команданти на Исламски џихад.
Во борбите загинаа 34 Палестинци, од кои 16 цивили.