Викториините водопади на границата меѓу Зимбабве и Замбија, пресушија поради најлошата суша во последните 100 години. Убавината на овие водопади привлекувала милиони туристи, но оваа година се случи неочекувано намалување на нивото на водата.
Постои стравување дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите, кои се наоѓаат на местото каде африканската река Замбези пропаѓа 100 метри надолу, .
– Ова првпат го имаме видено. Драстично е намален бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите се намалени – изјави продавач на сувенири.
Проблем е што цела област е погодена од суша и многу луѓе останале без храна и посеви поради сушата. Се проценува дека им е потребна помош на околу 45 милиони луѓе.
Зимбабве и Замбија се погодени и со рестрикција на струја, бидејќи производството на овој енергент зависи исклучиво од хидроцентралата Кариба, која се наоѓа на реката Замбези.
Податоците на официјални лица задолжени за реката Замбези покажуваат дека нивото на водата е под она од 1995 година, кога било најниско, а далеку под просекот.
Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот. Вообичаено слаповите главно се широки над 1,5 километар, со пад од 128 метри.
DRIED UP: The spectacular Victoria Falls on the Zambia-Zimbabwe border draws millions of visitors every year—but the worse drought in a century has reduced the natural wonder to a trickle. https://t.co/g1RV85H1bL pic.twitter.com/gBQKgqaofE
— ABC News (@ABC) December 7, 2019