Свет 09. август 2020. / 16:57

(ВИДЕО) Престрелка во Филаделфија: Ранети шест лица меѓу кои и трудница

(ВИДЕО) Престрелка во Филаделфија: Ранети шест лица меѓу кои и трудница

Три жени на возраст од 18, 24 и 59 години, од кои едната бремена и тројца тинејџери на возраст од 17 и 18 години се повредени во престрелка во Филаделфија.

Сите повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба, објави полицијата во Филаделфија, пренесува Си-Ен-Ен.

Од почетокот на оваа година, најмалку 98 малолетни лица се повредени од огнено оружје во Филаделфија, па градската администрација формирала група за спречување на насилство со задача да ги запре тековните вооружени судири на малолетни лица, кои станаа тажен заштитен знак на овој град.

„Градот е уништен од безумно и бесмислено насилство и употреба на огнено оружје. Нашата заедница нема да дозволи вакви испади на беззаконие и јас ќе ги изведам пред лицето на правдата лицата кои сакаат да и наштетат на Филаделфија“, рече командантот на полицијата, Даниел Авто.

Полицијата не ги уапси синоќешните напаѓачи ниту го одзеде оружјето од кое биле пукано.