Унгарскиот премиер Виктор Орбан, во Будимпешта се сретна со премиерот на Португалија Антонио Коста, за да ги усогласат ставовите за идниот буџет на ЕУ
Главна тема на разговорите се тешките дебати за идниот буџет на ЕУ и пакетот помош на земјите погодени од корона вирусот.
Орбан ја предводи групата земји од средна Европа, позната како В4, во формулирање на заеднички став за идниот буџет.
Сепак, групата воедно бара и други сојузници меѓу европските земји, за да обезбеди правична распределба на буџетот.