Флавио Ди Муро, пратеник во италијанскиот парламент, од партијата Лига, направи досега невиден потег. Тој на парламентарната седница побара збор, а кога застана на говорницата извади прстен и запроси своја колешка.
–Елиза, дали ќе се омажиш за мене – запрашал Ди Муро, пренесува Република.
Неговите сопартијци таквиот потег го дочекаа со симпатии, додека собранискиот спикер немаше толку разбирање и му замери на таквото однесување.
Медиумите не пренесуваат каков бил одговорот на Елиза, но судејќи според честитките од неговите колеги, тој, секако, бил – да!