Свет 14. ноември 2019. / 12:53

(ВИДЕО) Пожарите во Австралија уништија над 150 домови

(ВИДЕО) Пожарите во Австралија уништија над 150 домови

Бројот на жртвите од пожарите кои од викендот беснеат во Австралија се искачи на четири, соопштија локалните власти предупредувајќи дека земјата ја очекуваат уште полоши временски услови.

Најкритично е во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд, кадешто уште пред три дена е прогласена вонредна состојба. Досега се уништени повеќе од 150 куќи, а околу 30 пожари не се под контрола. Противпожарните служби предупредија дека од утре земјата ќе ја погодат уште повисоки температури и ветер.

За време на летната сушна сезона шумските пожари се вообичаени во делови на Австралија, а најлош беше пожарот во 2009 година, кога настрадаа 170 лица, повеќе од 400 беа повредени.