Најмалку 11 луѓе ги загубиле животите на југот на Италија, кога надојдена река по силните дождови ги фрлила преку карпа во длабока планинска клисура, а најмалку пет лица се водат како исчезнати, соопштиле денес властите во Италија.
Одделението за цивилна заштита соопштило дека 23 лица биле спасени и дека 12 лица се згрижени во болница по поплавата која носела се пред себе во клисурата на југот на Калабрија, пренесува “Reuters”.
Во поплавата загинале шест жени и пет мажи, а нивната националност, засега е непозната.
Тоа подрачје на југот на Италија во главно го посетуваат туристи и планинари, во главно Италијанци, рекле властите.
“Клисурата се наполнила со вода многу брзо и луѓето од таму биле катапултирани како куршуми. Завршиле на околу три колометри подалеку од долината”, рекол шефот на цивилната заштита во Калбрија, Карло Танси.
Тој навел дека теренот е многу непристапен на некои делови бидејќи е широк само четири метри, што ја отежнува задачата на спасувачите.