Илјадници американски знамиња се поставени пред Капитол Хил во чест на речиси 200.000 Американци кои не можат да бидат присутни на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден и Камала Харис поради пандемијата со Ковид-19.
Инсталацијата, наречена „Поле на знамиња“, е составен од 191.500 американски знамиња и 56 столбови на светлината.
Фотографиите направени во понеделникот ги покажуваат знамињата внимателно поставени во редови во близина на американскиот Капитол, неколку месеци откако на сличен начин со знамиња во чест на жртвите кои починаа од коронавирус беа поставени близина на споменикот на Вашингтон.