Свет 24. јануари 2020. / 10:12

(ВИДЕО) Последиците од корона вирусот: Снимки од заразени луѓе кои мртви паѓаат на улица

(ВИДЕО) Последиците од корона вирусот: Снимки од заразени луѓе кои мртви паѓаат на улица

Смртоносниот корона вирус потекнува од градот Вухан, од дивиот пазар и набрзина започна да се шири прво во градот со 11 милиони луѓе, а потоа болеста се прошири и во околните села, но и во соседните земји.

И покрај тоа што 26 лица починаа, а повеќе од 800 лица се заразени Светската здравствена организација смета дека е рано да се подигне нивото на опасност.

Во меѓувреме, на социјалните медиуми почнаа да кружат видеа од луѓе за кои се тврди дека се заразени со вирусот корона и кои како покосени паѓаат на улиците.

Болеста е потврдена во најнаселените градови во Кина, Пекинг и Шангај, како и во околните земји. Пријавени се епидемии и надвор од Кина – во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Сингапур, Виетнам, САД, Јапонија и Јужна Кореја, но повеќето од овие луѓе се од Вухан или неодамна биле во тој град.