Свет 29. мај 2020. / 23:15

(ВИДЕО) Поради пандемијата во Шведска се продава цело село од 18. век

(ВИДЕО) Поради пандемијата во Шведска се продава цело село од 18. век

Пандемијата на корона вирусот предизвика едно село во Шведска да биде ставено на продажба за 70 милиони шведски круни (6,5 милиони евра).

Сатра Брун е „велнес село“, што се наоѓа во предградието на шведската престолнина Стокхолм.

Селото датира од 1700 година кога д-р Самуел Скраг открил извор на вода во Сатра и го купил околното земјиште. Потоа изградил бунар, куќа со извори, болница, црква и станови.

Тоа се случило во време кога растела популарноста на природните извори, затоа што пиењето и капењето во висококвалитетна вода се сметало дека имаат балансирачки и лекувачки ефект врз здравјето.

Гостите се поканети да пијат вода секој ден. Исто така се понудени топли или ладни бањи, бидејќи се верува дека помагаат во емоционалната рамнотежа.

Потоа, во 1740-тите, земјата и куќите ги купил бискуп од градот Вастерас, кој неколку години подоцна ги оставил на универзитетот Упсала, еден од најдобрите универзитети во земјата.

Во 2002 година, универзитетот ја продаде Сатра Брун на група од 16 локални претприемачи, а селото оттогаш се води како место за бањски туризам. Од 2015 година, во селото работи фабрика за шишиња, која е вклучена во продажбата. Тоа е еден од седумте извори кои добија највисоки светски награди за чистота во Шведска.

Сатра Брун и сите имоти се регистрирани како д.o.o., што значи дека нема ограничувања за странските купувачи, вели брокерот Џонас Мартинсон, кој ја опиша архитектурата на селото како „прошетка низ времето“.