Американскиот државен секретар Мајк Помпео доживеа мала непријатност за време на неговата посета на Италија.
Поточно, италијанска новинарка му подари парче пармезан на Помпео, барајќи од него да му го однесе на претседателот Доналд Трамп.
По разговорот со премиерот Џузепе Конте, на Помпео му пришла италијанска новинарка и му подарила парче пармезан.
-Имам подарок за вас – италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан „реџијано“ и тоа е она што го правиме најдобро во Италија, рекла Алис Мартинели, додека Помпео љубезно го примил парчето автентично италијанско сирење, објави „Вашингтон пост“.