По драматичната снимка на полициска потера со трагичен крај што се случи во Форт Смит, Арканзас, тоа предизвика бура во американската јавност и се погласни се критиките за ваквото полициско однесување.
Поточно, автомобилските потери при голема брзина во САД се вообичаена практика, со јасно пропишани техники за запирање или оневозможување на бегалецот во другиот автомобил.
Еден од познатите маневри (многупати го имате видено во американски акциони филмови) е т.н. „PIT“ маневарот (pursuit intervention technique) или интервентна техника при потера.
Оваа тактика вклучува благо туркање при големи брзини со предниот лев крај на пресретнувачот во задниот десен крај на возилото на бегалецот за да изгуби контрола, да ротира и да застане.
Затоа, честопати во повеќето американски држави пресретнувачите имаат вградена метална рамка за да спречат оштетување на возилото при вршење на маневарот „PIT“.
Според извештајот на „5 News Online“, потерата започнала на 10 април околу 6:30 часот утрината, кога американски службеник на шумската служба забележал црн пикап „Рам 1500“ што минува низ црвено светло, а со проверката се заклучило дека 34-годишниот Џастин Батенфилд бил зад воланот, за кој имало распишано потерница.
По 17 минути потера од страна на шумската служба кога Батенфилд возел низ улиците на Форт Смит со брзина поголема од 160 км на час, во потерата се вклучила полицијата во државата Арканзас.
Тогаш полицискиот службеник Мајкл Шон Елис доби наредба да го запре камионот.
Четиринаесет, одете и запрете го, тој вози на погрешната лента од патот. Не ми е грижа дали тие ве спречува со запирање, запрете го автомобилот пред да излезете од автопатот! – беше јасна наредбата преку радиото од државната полиција на Арканзас.
олицаецот Елис брзо го престигнал и го извршил маневарот „PIT“ при 175 км на час. Откако го удрил во задниот дел, пикапот „се повлекол“ под пресретнувачот и двете возила завршија во ров покрај патот.
Како и да е, со оглед на брзината и сите околности, полицискиот автомобил буквално се катапултирал во воздухот и се удрил во столб. За жал, билансот на состојба е лош – Батенфилд починал на лице место додека Елис претрпел тешки телесни повреди, но е надвор од животна опасност.
После несреќата, државната полиција во Арканзас објави кривична истрага за да се утврди дали локалните власти дејствувале соодветно при спроведување на маневарот „PIT“ со толку голема брзина.
Во соопштението, портпаролот на државната полиција во Арканзас, Бил Садлер, како што се очекуваше, ја бранеше практиката.
Државната полиција во Арканзас веќе дваесет години го користи маневарот „PIT“ и ќе продолжи да го користи, особено доколку е загрозен животот на невини лица, како што беше случајот со Форт Смит – вели Садлер.