Шефот на Мадридскиот Регион, Кристина Сифуентас, денеска поднесе оставка откако е фатена како краде во супермаркет, но исто така и поради тоа што ја фалсификувала својата магистратура.
На видеото се гледа како таа ја празни чантата пред обезбедувањето во локален супермаркет. Функционерката е обвинета поради кражба на крем против брчки.
Пред да поднесе оставка, таа изјави дека кражбата на крем, кој чинел околу 40 евра, била грешка.
Мадрид отсекогаш бил упориште на Народна партија на премиерот Маријано Рахој, но во последното истражување на јавното мислење Граѓанската партија води поради коруптивните скандали на Народна партија.