Свет 12. август 2020. / 21:03

(ВИДЕО) Полицијата во Минск пука кон демонстрантите

(ВИДЕО) Полицијата во Минск пука кон демонстрантите

Инцидент се случил во близина на метро станицата „Грушевска“ во Минск, кога полицајците скокнале од автомобил и почнале да пукаат!

Од балконите на околните згради, луѓето викаа на демонстрантите кажувајќи им каде да се сокријат, а како одговор на тоа, специјалните сили на белоруската полиција неколкупати пукаа.

Дел од инцидентот е снимен од приватни камери и споделен на социјалните мрежи.

Веќе четврти ден по ред протестите продолжуваат во Белорусија поради победата на Александар Лукашенко на претседателските избори. Протестите беа обележани со насилство и полициска репресија, поради што реагираше и Европската унија.