Свет 12. декември 2020. / 22:06

(ВИДЕО) Поддржувачи на Трамп се собираат во Вашингтон – ќе се борат до последен момент

(ВИДЕО) Поддржувачи на Трамп се собираат во Вашингтон – ќе се борат до последен момент

Два дена пред гласањето на Изборниот Колеџ за претседател во главните градови на 50-те држави во САД, поддржувачите на Доналд Трамп се собраа повторно во центарот на Вашингтон за да протестираат против последната одлука на Врховниот суд за неприфаќање на тужбите на правниот тим на Трамп и да ги отфрлат резултатите објавени од медиумите.

Како што јавува Њу Јорк Пост, на собирот присуствуваат десетици илјади граѓани, а низ делови од градот било забележано и насилство. Исто така, најавен е и контра-протест на левичарските и радикалните групи поврзани со Демократската партија.

Ништо не е готово, ова е само почеток. Знаевме дека и Републиканците и Демократите се против народот, рече поранешната портпаролка на Кампањата на Трамп, Катрина Пиерсон пред поддржувачите на претседателот.

На неколку минути од главниот настан, зборувајќи пред религиски активисти, се обрати и Генералот Мајкл Флин, кој пред две недели беше помилуван од претседателот Трамп.

– Се наоѓаме во пресуден момент за Соединетите Американски Држави. Судовите не се тие кои одлучуваат кој ќе биде наредниот претседател на САД. Ова е почеток на најголемата преродба во историјата на една нација, рече генералот Флин.