Свет 20. јули 2019. / 22:18

(ВИДЕО) По 8 години од нуклеарната катастрофа отворена е плажата во Фукушима

(ВИДЕО) По 8 години од нуклеарната катастрофа отворена е плажата во Фукушима

Денеска возрасни и деца се забавуваа во водата, а сурферите уживаа на брановите во близина на оштетената нуклеарна електрана во Фукушима, откако плажата конечно беше отворена по нуклеарната катастрофа во 2011 година.

Плажата Китаизуми, околу 25 км северно од нуклеарната електрана е отворена за јавност откако градот Минамисома издаде официјално одобрување дека луѓето таму може да се бањаат.

Новинската агенција „Кјодо“ објави дека плажата била посебно популарна меѓу сурферите кои пред несреќата во 2011 година таму одржуваа државни и меѓународни натпревари.

Во март 2011 година силен земјотрес и цунами ги опустошија крајбрежјето на североистокот на Јапонија, при што загинаа 18.500 луѓе.

Земјотресот и цунамито предизвикаа оштетувања на три нуклеарни реактори.