Свет 24. ноември 2020. / 14:14

(ВИДЕО) Пијан маж со секира држи деца за заложници во Санкт Петербург

(ВИДЕО) Пијан маж со секира држи деца за заложници во Санкт Петербург

Маж, вооружен со секира, во заложништво држи шест деца во стан во населбата Колпино, предградие на Санкт Петербург, пренесуваат руските агенции.

 

Извор од безбедносните служби изјавил дека човекот е пијан, а полицијата ја контактирала неговата сопруга, која не можела да влезе во станот.

Полицијата преговара со киднаперот, но тој досега не упатил никакви барања.


Тасс јавува дека човекот е забарикадиран во станот со децата, а како можна претпоставка за инцидентот се наведува негов конфликт со сопругата.