Свет 14. јануари 2020. / 13:30

(ВИДЕО) Петмина повредени во судар на три воза на перон на метрото во Неапол

(ВИДЕО) Петмина повредени во судар на три воза на перон на метрото во Неапол

Пет лица се повредени денеска кога на перон од една метро станица во Непаол се судрија три воза.

Инцидентот се случил во непосредна близина на станицата Писчинола, пренесе агенцијата Анса.

Повредените веднаш биле пренесни во болница, но, како што се наведува, ниту еден од нив нема сериозни повреди.