Свет 23. мај 2019. / 23:10

(ВИДЕО) Пентагон испраќа 10.000 војници на Блискиот исток

(ВИДЕО) Пентагон испраќа 10.000 војници на Блискиот исток

Американското министерство за одбрана го разгледува барањето на американската војска за праќање на уште војници на Блискиот исток поради постојаниот раст на тензиите со Иран, пренесуваат медиумите во светот.

Пентагон во Белата куќа ќе ги претстави плановите за испраќање на 10.000 војници на Блискиот исток, информираат американските функционери.

Според зборови на неименувани функционери, конечната одлука не е донесена, а не е ниту познато дали Белата куќа ќе одобри испраќање на сите 10.000 војници, колку што барал Пентагон, или ќе бидат испратени само дело од нив.

Функционерите додадаваат дека овој потег на Пентагон не е одговор на некаква конкретна закана од Иран, туку има за цел да ја подобри безбедноста во регионот.