Свет,Магазин 27. јуни 2020. / 20:00

(ВИДЕО) Патентирана маска за лице што може да ги преведува вашите зборови на осум јазици

(ВИДЕО) Патентирана маска за лице што може да ги преведува вашите зборови на осум јазици

Јаппонска стартап компанија патентира заштитна маска за лице којашто може да ја преведе секоја порака на осум различни јазици.

Со мал микрофон, преку блутут поврзан со апликација инсталирана на мобилниот телефон, тој што ја носи маската ќе има можност да преведува и смс пораки, да прави повици и да ја зголемува јачината на гласот при разговор.

При истражувањето на овој изум, компанијата „Донат Роботикс“ се обидувала да најде начин како да ја преживее пандемијата.

Нејзиниот директор објаснува дека ја употребиле технологијата за да создадат производ што ќе одговори на промените што корона вирусот ќе ги предизвика врз општеството.