Свет 15. август 2020. / 19:30

(ВИДЕО) Паметна автобуска станица- иновација во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Паметна автобуска станица- иновација во Јужна Кореја

Поради коронавирусот во јавниот превоз во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, воведени се многу измени, меѓу нив паметни автобуски станици.

Само оние со температура пониска од 37 и пол степени можат да влезат во автобусот.

Внатре, покрај вообичаените средства, просторот се стерилизира со ултравиолетово зрачење.

Додека чекаат, на патниците им се обезбедува бесплатен интернет, а паметната станица е опремена и со приклучници за полнење лаптопи и мобилни телефони.