Свет 17. декември 2020. / 19:43

(ВИДЕО) Паднаа два метри снег во Јапонија

(ВИДЕО) Паднаа два метри снег во Јапонија

Поради големите снежни врнежи во централна Јапонија и долж северниот брег, некои заедници останале отсечени, а околу 10.000 домаќинства се без електрична енергија, што ја натера владата да свика итен состанок за да се реши ситуацијата.

Најголема количина на снежни врнежи има во префектурите Ниигата и Гунма, каде паднал 2 метри во текот на последните три дена, јави јапонската телевизија НХК.

Околу 1.000 автомобили биле денеска затрупани во големата снежна бура во источна Јапонија.

Еден возач изјавил за НХК дека тој и неговиот колега останале заробени девет часа во автомобилот поради густиот снег.

Јапонската метеоролошка служба предупреди на лавини и натамошни нарушувања на сообраќајот во источна и централна Јапонија и крајбрежната област на замјата, бидејќи се предвидува нов снег.

Премиерот Јошихиде Суга закажа вонреден состанок со министрите и агенциите за денеска попладне, соопштил неговиот кабинет.