Свет 24. октомври 2019. / 09:51

(ВИДЕО) Осуммина загинати во поплавите во Египет

(ВИДЕО) Осуммина загинати во поплавите во Египет

Најмалку четири деца и четворица возрасни загинале во поплавите што го погодија главниот град на Египет, Каиро.

Поради надојдената вода, зат ворени беа училиштата и универзитетите, а голем дел фирми работат само делумно. Обилните дождови поплавија голем број патишта, поради што беше нарушен и сообраќајот.

Од поплавите најмногу погодени се источните предградија на Каиро, Наср Сити и Хелиополис, кои се лоцирани во близина на меѓународниот аеродром.