Свет 03. април 2020. / 12:34

(ВИДЕО) Орангутан ги мие рацете како мерка за заштита од корона вирусот

(ВИДЕО) Орангутан ги мие рацете како мерка за заштита од корона вирусот

Орангутаните се познати по тоа што ги копираат движењата на луѓето, а кога оваа женка орангутан ги видела нејзините сопственици како ги мијат рацете заради заштита од корона вирусот – решила и таа да го прави истото.

Орангутанката Сандра, која живее во живеалиште за орангутани на Флорида, научи да ги мие своите раце темелно, исто како луѓето кои се грижат за неа.

Дефинитивно ги триеше рацете подолго од 20 секунди, одлично завршена работа, Сандра – велат од центарот со објавеното видео.

Сандра е родена на 14 февруари 1986 година, во зоолошката градина во Рошток, Германија. Поголемиот дел од животот го поминала во Буенос Аирес, Аргентина, каде била присилена да живее сама, без други орангутани. За среќа, еден судија од Аргентина ѝ овозможил подобри животни услови и Сандра во 2019 година пристигнала во Центарот за големи мајмуни каде живее со 22 други орангутани, пренесува „Bored Panda“.

Во јануари, орангутанката го прославила својот 34-ти роденден, а негувателите по тој повод ѝ приредиле роденденска забава.