Свет 04. август 2020. / 20:12

(ВИДЕО) Општа паника и ужасна глетка во Бејрут

(ВИДЕО) Општа паника и ужасна глетка во Бејрут

Болнички извори од Бејрут тврдат дека очекуваат голем број жртви. Властите ги молат граѓаните да ги расчистат патиштата од автомобили за да бидат проодни за Црвениот крст.

Инаку, трибуналот на ОН требаше во отсуство на четворицата осомничени да донесе пресуда во содењето за убиство на Рафик Харири кој смртно настрада од експлозија на автомобил-бомба. Сите осомничени се членови на иранското движење Хезболах кое доследно негира било каква улога во убиството на Харири.

Моменталната состојба во Либан е одбележана со политичка напнатост и најголема економска криза од граѓанската војна во 1975 до 1990 година.