Свет 16. февруари 2018. / 13:11

ВИДЕО: Објавена шокантна снимка од крвавиот напад во Флорида

ВИДЕО: Објавена шокантна снимка од крвавиот напад во Флорида

Масовниот убиец, 19-годишниот Николас Круз е обвинет за убиство на 17 лица во пукање во училиште, а ќе биде задржан во притвор без право на кауција, одлучи судијата во Флорида.

Лидерот на екстремистичката расистичка организација Република Флорида, Џордан Џереб изјавил дека Круз бил член на неговата група и дека учествувал во нивните вежби во Талахасија. Објаснил дека неговата група сака Флорида да стане нивна лична држава на белицте и нагласил дека не го познавал лично Круз. Џереб исто така рекол дека Круз имал проблем со девојката и дека верува дека времето на нападот, кој е изведен на Денот на заљубените, не е случајност.

Тој е исфрлен од училиштето и токму поради тоа започнува тепачка со новото момче на својата поранешна девојка, а очигледно сакал одмазда.